11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Нашето место во Обединетите нации е кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет

Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, изјави премиерот Зоран Заев на денешното одбележување на независноста.

– Нашето место во Обединетите нации е кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани.

Благодарение на напорите, кои во минатиот мандат ги насочивме на надворешен план, со упорност и одважност ги постигнавме Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција. Договори со кои Северна Македонија по децениско заостанување направи пробив на меѓународен план. Сето ова се реализираше првенствено низ полноправното членство на нашата држава во НАТО и почетокот за преговори со Европската Унија, како и низ градењето на партнерски однос со сите наши соседи.

Преку отворен пристап покажавме волја за соработка со сите наши соседи и ја стекнавме нивната доверба. Северна Македонија од лош пример се претвори во успешна приказна. Приказна која започна да го менува наративот за Балканот. Нашите соседи денес ни се сојузници и најсилни поддржувачи на меѓународен план. А овај партнерски однос со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Грција, со коишто секојдневно заедно соработуваме во справување со пандемијата е од исклучително значење, рече Заев на денешната прослава по повод 8-ми септември.

Спонзорирано: