Мандатарот за состав на новата Влада, претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното експозе пред пратениците ги претстави економските политики за следните 4 години.
Една од клучните работи, според Заев во следните 4 години ќе биде намалување на последиците врз економијата од коронакризата, зголемување на платите, но и отворање на нови работни места.
Стапката на невработеност за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршување на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно како што тоа го правевме во изминатите три години. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на овој мандат. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од домашните буџети и 300 милиони евра од европските фондови, посочи Заев.