Centar.mk
ЛОКАЛНО

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци:

Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности.

Воедно, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето.

Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК