Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев кон идните министри: Интересите на граѓаните да ги ставите на прво место, нема толеранција за прекршување на законите

Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев, во своето експозе се обрати и кон министрите во следната Влада порачувајќи им дека од нив очекува одговорност, очекува работа единствено во интерес на граѓаните и државата.

„Да ги ставите интересите на граѓаните и државата на прво место. Имате привилегија во вашата работа да донесете добро за нашата држава и нашиот народ- Искористете ја! Очекувам посветена работа и целосно да се вградите и да водите процеси кои носат трансформација на подобро. И никогаш не заборавајте дека секој од вас е одговорен и пред граѓаните и пред законите – нема толеранција за прекршување на законите или етичките норми, без разлика на функцијата која ја извршувате“, порача мандатарот Заев.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК