Силно невреме проследено со дожд и грмотевици го зафати Скопје. Во главниот град попладнево дуваше и силен ветер.
Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните.