Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО РЕСЕН: Загина жена во страотна сообраќајна несреќа, повредените, меѓу кои има и дете,со болнички се носат во битолската болница

Вечерва во 18 часот во трагична сообраќајка која што се случила на местото викано Жито Ресен загина едно лице, а има и повредени, дознава Centar.mk од неофицијални извори.

Според неофицијални информации на Centar, се судриле автомобил марка опел астра со прилепски таблици и ресенски пасат.

Во несреќата со повреди се здобиле 4 лица, од кои едно женско дете.

Во болничко возило, неофицијално, на повредите им подлегна жена.

Повредените, двајца мажи и женско дете се носат со болнички во Битола.

Полицијата врши увид, сообраќајот е во прекин.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК