25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи го повика Уставниот суд да го продолжи рокот за регистрација на лицата во изолација

Мора да гарантираме безбедни избори и право за глас за секој граѓанин, рече портпаролот на кампањата на ДУИ, Бујар Османи, и го повика Уставниот суд да го продолжи рокот за регистрација на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во изолација, откако за гласање беа пријавени околу 724 граѓани од оваа група.

„Досега, ниту една десетина од лицата во карантин не се регистрирани да гласаат во одредените места. Ова е неуспех од којшто мора да извлечеме заклучоци“, рече Османи, додавајќи дека„ ако слабата регистрација е предупредување за слабото учество на гласачите во овие избори, ова е прашање што мора да се реши.

Не смееме да дозволиме поради вирусот, вели Османи, луѓето да бидат лишени од основното демократско право на глас.

„Ако едно лице е информирано утрово дека мора да оди во карантин и дека поради тоа нема да може да гласа, ова е погрешно и противуставно. Не смееме да дозволиме да се случи и мора да се осигуриме дека сите што се подготвени да гласаат, ќе имаат исто така и можност да гласаат. Затоа, го повикуваме Уставниот суд да го продолжи рокот за регистрација. Потребно е да се обезбеди некакво решение и за оние кои влегуваат во изолацијата откако ќе се затвори рокот за регистрација. Одговорност на државата е да обезбеди дека дури и во овие посебни околности, сите граѓани ќе имаат можност да гласаат“, додаде Османи.

Тој ја пофали Комисијата за инфективни болести дека ги подготвува изборите на многу сериозен и професионален начин и дека со овие подготовки ќе се обезбеди секој граѓанин кој сака да гласа да може да го стори тоа безбедно и без никаков ризик од инфекција.

Османи, исто така, повика на лична одговорност кај граѓаните:

„Ние мора да излеземе на гласање заштитени со маски, ракавици и да одржуваме лична хигиена – овие мерки се неопходни и задолжителни. Исто така, наша посебна одговорност е да ги заштитиме старите лица, да им овозможиме на лицата постари од 60 години да гласаат без да го загрозат нивното здравје. Владата мора да го зајакне ширењето на овие информации на сите јазици, за да бидат сите информирани околу овие задолжителни мерки и никој да не остане без да користење на правото на глас“, додаде Османи.

Можеби ќе ве интересира

Каде треба да гласате? – Проверете дали е променето вашето избирачкото место

CENTAR MKD

Заев од Шуто Оризари: До крајот на годината ги отвораме европските фондови и ќе се збогуваме со сиромаштијата

CENTAR MKD

Заев: Гласот за Мицкоски и ДУИ е губење на европската иднина

CENTAR MKD

Заев: На ДУИ и пречеше транспарентноста на владата и затоа ќе оди во опозиција

CENTAR MKD

 Заев: Ќе ги укинеме министерствата без ресор

CENTAR MKD

Интервју со Бети Рабаџиевска-Наумовска, кандидат за пратеник од коалицијата Можеме: Обиколница околу Ресен, младински центар и повеќе градинки во новиот мандат!

CENTAR MKD