7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски во Гевгелија: СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година, затоа ќе биде поразен на 15 јули


„Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден во кој ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето што го живеат ова секојдневие во Македонија. Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти што се наменети за овој крај, но и наменети, генерално, за целата држава во следниот 4-годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука, пред сè, мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година. Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +