22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: СДСМ ништо не сработи за овие две ипол години, доказ за тоа е несработениот пат Крупиште – Пробиштип

Денес носителот на изборна единица 3, Игор Јанушев при посетата на општина Пробиштип рече дека власта предводена од СДСМ ништо не направи во изминативе две ипол години. А, тоа народот го гледа, затоа на 15-ти јули СДСМ ќе си ја добие својата казна, и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

„ Денес сме во посета на Пробиштип. Само што завршивме со посетата на Градскиот пазар каде што имавме можност да разговараме со огромен број на луѓе, да ги слушнеме нивните маки и да слушнеме што очекуваат и како ја гледаат државата во следните четири години. Она што не охрабрува, она што ни дава мотив е да продолжиме уште посилно во овие неколку дена до крајот на кампањата. Она што ни дава уште поголем мотив по формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да се вложиме максимално, да ги исполниме сите ветувања кои што ги даваме на граѓаните бидејќи пред се и над се македонскиот народ заслужува подобра иднина, извесна иднина“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека врвот на неспособноста на оваа влада предводена од Заев и СДСМ, врвот на неспособноста на Љупчо Николовски се гледа и во Пробиштип. Оној проект кој што го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ патниот правец Крупиште – Пробиштип буквално не е ништо завршено, СДСМ не мрдна со прст за да го заврши патниот правец.

„ Она што го гледам во изминативе две ипол години сум дошол можеби повеќе од 10-15 пати во Пробиштип, значи немаше ниту една опрема, механизација, било што да се работи на патот. Сега во овие месец дена гледаме како се обидуваат нешто да направат, да прикажат пред граѓаните дека еве демек работат. Но тоа е сериозно потценување на народот. А, народот памти и народот знае“, нагласи Јанушев.

Јанушев за крај им порача на граѓаните дека ако народот застане на страната на правдата тогаш секоја битка може да се победи. Затоа на 15-ти јули граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за обнова на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T