8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Ги избегнавме многуте лоши сценарија

-Ги избегнавме многуте лоши сценарија. Сведоци сме како беше во Италија, колони на коли од брза помош не можеа да ги остават пациентите во болница, заради тоа што немаше место. Ние тоа го избегнавме, донесовме навремени димензионирани мерки. Го проценивме бројот на пациенти кои што можат да бидат дијагностицирани, ги најдовме кластерите, најдовме кој е причина за инфекција, масовно тестиравме, ги најдовме сите луѓе кои што треба да бидат во изолација и ги ставивме во изолација за да не ја шират инфекцијата. Една од првите земји во регионот заедно со Германија воведовме задолжително носење на маски, рече Венко Филипче на денешниот собир во Крива Паланка на коалицијата Можеме.

– Но, што е најбитно што во ова борба ни покажа, тоа што го почнавме пред 2 години, а тоа е инвестицијата во кадарот, во здравствениот кадар, во лекарите и медицински сестри се покажа како главен мотив за да овој здравствен систем стане воздржлив, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК