Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Прирачник од А до Ш: Еве за што сѐ може да се искористи домашната платежна картичка

Со цел стимулирање на купувањето домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на корона-кризата, а за да се информира јавноста што сè спаѓа под македонски производи, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 најчесто поставувани прашања од страна на купувачите.

Овој проект произлегува оттаму што домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%.

Прирачникот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинската управа и УЈП..

За целите на купување со домашната платежна картичка, производите се сметаат како домашен македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, информираат надлажните органи.

Кај скенирањето на фискалните сметки, производот може да се смета како домашен доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

ПРИРАЧНИКОТ Е ДОСТАПЕН НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК