17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за CENTAR: Со месеци Наќе Чулев не реагираше, па дури и го поттикнуваше системот со тоа што дозволи кршење на мерките за борба против коронавирусот – тоа е незрело и опасно однесување

– Во кампања го гледаме она што 2,5 години наназад го гледаме. На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто не им е важно здравјето на граѓаните, за нив се важни само личните и партиски интереси. Со месеци гледаме лицемерие на опозициската партија, наутро глумат загриженост за здравјето а попладне ги кршат мерките и забраните. Теретани, кафани, прошетки на Водно, тоа правеа додека мединските лица, докторите, сите ние се боревме да го спречиме ширењето на вирусот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев за CENTAR.mk, околу непочитувањето на мерките од страна на водачите на ВМРО ДПМНЕ.

– Со месеци и нивниот министер Наќе Чулев не реагираше, па дури и го поттикнуваше системот со тоа што дозволи кршење на мерките. Тоа е несериозно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, рече Зоран Заев во интервју за Centar.mk.

Ова е уште една потврда зошто се потребни избори, меѓу другото и да се разреши Чулев, затоа што сега нема таква можност. По изборите ќе се создадат легитимни, функционални и одговорни институции, предводени од чесни, одговорни личности, инситуции кои нема да молчат, туку неселктивно ќе го санкционираат секое прекршување на мерките и забраните за заштита од коронавирусот и ќе работат за граѓаните, вели Заев во интервјуто за Centar.mk, кое може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Видео и фото: Куманово беше на нозе – еве колку народ се насобра на митингот на Стево Пендаровски

ДЕСК

На вечерашниот митинг во Куманово претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски им се обратија посебно на младите.

-Ајде во уште една акција. Бидете одлучни и одговорни кон својата иднина. Гласот за Стево Пендаровски е глас за европски можности во вашата родна земја, за европско образование, европски плати, европски животен стандард. Ќе живеете, патувате, работите со шанси како вашите врсници во Европа. На тој пат сме драги млади луѓе. Вашиот глас вреди. Вашиот глас одлучува, рече Премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК