ИТ индустријата секако е една од најатрактивните, најплатаните и секако индустрија која најмалку беше погодена од оваа глобална економска криза, вели лидерот на СДСМ, во интервјуто за Centar.mk.
Во изминатите години покажавме дека младите ни се важни, креираме и спроведуваме мерки кои отвораат шанси тука да рбаотат и да создаваат.
Новата македонска економија ќе биде насочена кон дигитализација, кон новите технологии, таму ќе го темелиме идниот економски развој.
Во новиот мандат се обрзуваме до 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата да го намалиме до 0%. Ќе отвориме и старт ап село со соодветни услови, целосна функционалност за отворање на старт ап бизниси и нивно вмрежување за да бидат поконкурентни и дома но и на странските пазари.
Ќе продолжиме да инвестираме и во младите и во новите технологии, затоа што таму е иднината, додава Заев во интервјуто на Centar.mk кое може да го прочитате во продолжение.