23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(фото) Цело Скопје се упати накај Охрид и Преспа, многу нема да стигнат до 21 часот

Оваа фотографија е снимена во 19 часот и 34 минути од камерите поставени на наплатната рампа на патарина на автопатот Скопје-Гостивар.

Стотици возила се упатени накај македонските летувалишта Охрид и Преспа.

Ова се случува поради заострениот полициски час кој во Скопје ќе значи целосен карантин од 4 дена, а во местата со помалку или 0 заразени истиот ќе почнува секој ден од 16 часот.

Ако се земе во предвид дека стотиците возила не можат да се движат со голема брзина, а од ова место се стигнува за еден и пол до два часа до Охрид и Преспа, во тој случај многу нема да успеат да стигнат навреме за да го избегнат вечерашниот полициски час кој почнува од 21 часот.