Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на денешната прес конференција.
Непочитување на мерките, деструкција, лажни вести, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните.
– Мицковски, како не ти е срам? Како не ти е срам!! Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија. Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате, рече Костадинов.
– Како не ти е жал за болните, за докторите, за оние кои поради тебе и таквите како тебе кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин. Како не чувствуваш одговорност за новите заболени ?, праша портпаролот на СДСМ.
– Еве го однесувањето на ВМРО преку твојот пример разголено до крај: намерно и организирано не ги почитувате мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени, а твоите гавази во МВР тоа го кријат и намерно не го санкционираат, борејќи се против колегите од МВР за тебе да те сокријат. Борејќи се против инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, против цела држава.
Па уште јавно лажеш – дека не си бил запознаен, дека само со познајник си седел, дека ти било првпат, дека било човечки? Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето. Сега што ќе измисли Наќе пак? Кој отсјај сега ќе те покрива?
Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема. Во оваа ситуација, политичарите мораме да бидеме пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови. Срам да ти е! Граѓаните ќе ценат и ти судат за твојот незрел однос, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Прес конференцијата на СДСМ доаѓа откако вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше фатен во затворен простор во кафеана, но уште пострашно инспекциските служби беа спречени да ја вршат својата работа, а мораше да интервенира и ЕБР за да се пронајдат снимките од камерите.