14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Објавил фотографии од неговата поранешна девојка на фејсбук без таа да знае – на скопјанец му затропа полиција на врата

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Л.Л.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 27 и 28.01.2020 на социјалната мрежа Фејсбук објавил фотографии од неговата поранешна девојка, без нејзино знаење.

Исто така, додека биле во врска, без дозвола влегол на нејзиниот профил на „Вибер“ и го инсталирал на неговиот персонален компјутер.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +