Полицискиот час за време на викендов кој поради двојниот празник ќе биде продолжен стана топ тема на интересирање во јавноста, а истиот ќе биде ставен на дневен ред и на петочната владина седница.
Иако комисијата предложи целосен карантин од сабота до вторник, Владата нема донесено одлука.
Со оглед на драстичното намалување на новозаразени од коронавирус во Македонија, реално е да се очекува позаострен полициски час во недела и понеделник поради празникот, но не и целосен карантин.
Неофицијалните информации велат дека е можен заострен полициски час од 14 или 15 часот до 5 часот наутро во недела и понеделник, а веќе од вторник да се оди на попуштање полицискиот час и посериозно олабавување на мерките.
Доколку комисијата за заразни болести утре предложи посетепено отворање на угостителските објекти, конечно тие ќе може да почнат со ограничена работа уште од вторник. Да потсетиме дека голем број на земји од регионот ги отворија кафичите и рестораните кои можат да работат на летни тераси, а Грција симултано се спрема за туристичката сезона.