18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Еве кога најрано може да се очекуваат картички со пари за граѓаните – По 9.000 денари за невработените, барателите на работа, социјалните случаи…

Картичките кои ги најави Владата како помош за над илјадници граѓани ќе почнат да се издаваат во текот на јуни и јули, а аплицирање најверојатно нема да има, со оглед дека Управата за јавни приходи сега има модерен систем со кој автоматизирано може да се дознае кој ги исполнува условите.

Ваквата картичка која ќе има вредност од 9.000 денари и важност од 30 дена откако ќе биде издадена, ќе биде достапна на граѓаните кои се невработени, бараат работа или се социјално-загрозени, а во текот на минатата година имале приходи помали 15.000 денари месечно.

Она што засега се знае е дека од картичките нема да може да се вади кеш, туку истите ќе мора да се искористат во определен рок.

Со третиот сет на мерки предвидено е околу 100.000 граѓани да добијат домашни платежни картички вредни 9.000 денари наменети исклучиво за купување на домашни производи и услуги на краток рок.

Со оваа мерка им се помага на таргетирани групи граѓани како ранливите категории, граѓаните приматели на гарантирана минимална помош, невработените лица, да го зголемат својот приход и потрошувачка, а од друга страна им се помага на македонските компании, се зголемуваат безготовинските плаќања и се намалува сивата економија.

Сите оние кои се со ниски примања добиваат платежна картичка од сто евра за субвенционирање на годишен одмор, како и платежна картичка од 50 евра за пазарување.

Со ова се помага на граѓаните со пониски примања, но и директно се поддржуваат домашните туристички и угостителски објекти. Платежни картички добиваат и средношколците и студентите кои ќе добијат 100 евра за плаќање партиципација или сместување како и платежна картичка вредна 50 евра за домашни производи и услуги.

Спонзорирано: