23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Едноставен трик со вода што ја зголемува потрошувачката на калории

Согорувањето повеќе калории помага во губење на тежината и одржување на здрава тежина.

Вежбањето и здравата диета се два ефективни начини за постигнување успех, но исто така има и повеќе невообичаени начини на кои можете да го зголемите внесот на калории.

Еден начин е – пиење студена вода.

Водата е најдобриот пијалок за гаснење на жедта и хидрирање на организмот. Покрај тоа, водата привремено го стимулира метаболизмот кај возрасни и деца со прекумерна телесна тежина, а некои студии покажаа дека овој ефект се зголемува доколку водата што ја пиеме е студена.

Една група истражувачи дошле до заклучок дека 40 проценти од забрзувањето на метаболизмот се должи на фактот дека телото загрева вода на телесна температура, односно телото троши енергија за загревање. Две студии спроведени на помлада популација покажаа дека пиењето 500 милилитри ладна вода го зголемува калориското согорување за 24 до 30 проценти во текот на 90 минути.

Студиите исто така покажаа дека влијанието на водата врз метаболизмот може да варира од личност до личност. Затоа, имајте на ум дека иако истражувањата потврдија дека пиењето ладна вода може да промовира согорување на калории, јачината на ефектот варира од личност до личност.

Се разбира, на крајот ќе забележиме дека само пиењето ладна вода не е доволно ако целта ви е да изгубите тежина. Тоа е само мала помош.

Сепак, за да ја постигнете оваа цел, треба да го намалите внесот на калории, да ги замените колачињата со овошје, да се вклучите во некоја физичка активност и да направите се што е можно за да го одржите варењето. И, треба да пиете доволно вода, што е суштински дел од здрав живот, без оглед на потрошувачката на калории.