Странски инвестиции во кои има илјадници вработени во пелагонискиот регион се подготвуваат да ја рестартираат работата, а државната поддршка од 14.500 денари за секој вработен итекако им доаѓа добро на бизнисите во Македонија, со што преку взаемната соработка помеѓу државата и бизнис секторот може многу побрзо да ја заживее македонската економија отколку што се очекуваше.
Голем број од компаниите низ Македонија најавија дека нема да отпуштат ниту еден вработен. Дури и оние најпогодените, огромен број од вработените од угостителскиот сектор се’ уште се пријавени на своите работни места и добиваат плата.
Мерките на Владата на СДСМ вродуваат со плод и тоа наскоро ќе биде се повеќе видливо.
Доколку коронавирус кризата во следниов период биде осуетена, Македонија ќе претрпи помали последици на подолг рок, сметаат аналитичарите.
Многумина гледаат и шанса во оваа криза за земјите во развој, помалку ќе бидат погодени од кризата и ќе имаат голема шанса да се докажат во следниов период и да превземат странски пазари.
Деновиве и меѓународните институции јасно и недвосмислено со прецизни бројки покажаа дека Македонија ќе добие поддршка за надминување со неочекуваната криза со која се соочи целиот Свет.