Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излета од патот Петровец-Огњанци, две лица повредени

Две млади лица се тешко повредени откако вчера со автомобил „застава југо“ излетале од патот с.Петровец-с.Огњанци. Како што соопшти МВР, З.О.(21) кој го возел југото изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(18) од с.Огњанци, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил и возачот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК