Денеска ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер. Наутро понекаде утринската температура ќе биде околу нулата.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 15 до 21 степен.
Во Скопје наутро со температура околу нулата а преку денот сончево и потопло. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на сончево, стабилно време и дневните температури брзо ќе се покачат. Утре утринската температура наместа ќе биде околу нулата.
Зголемување на облачноста ќе има во недела, а од понеделник ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат повремено пообилни.