23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апсења за време на полициски час: Приведени дрвокрадци меѓу нив и претседател на општински комитет на една опозициска партија

Припадници на Министерството за внатрешни работи во саботата, околу 15.30 часот, привеле четири лица за кои се верува дека се дрвокрадци, објави Правосудство.

Од МВР официјално потврдија дека се работи за лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од селото Долно Српци, како и лицето М.И.(65) од Прилеп, и дека приведените немале соодветна дозвола за движење во време кога важи мерката за забрана на движење, но некои политички партии меѓу приведените го препозна претседателот на општински комитет на една опозицискса партија.

„На 11. април 2020 година, во 13.30 часот, В.Т. вработен во Шумска полиција, пријави дека од селото Древеник кон селото Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од Јавното претпријатие ‘Национални шуми’, кој ги затекнал лицата во атарот на Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и дека ќе го документира настанот, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП ‘Национални шуми’“, велат од МВР и појаснуваат дека лицата си заминале, но дека набргу потоа се појавиле припадници на СВР Битола кои ги привеле дрвокрадците. Од полицијата е најавен соодветен поднесок, но се очекуваат и други детали поврзани со овој случај.