Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година

Во време кога се соочуваме со пандемијата на кроонавирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, се поставуваат одредени прашања за кои навремено треба да се донесат соодветни одлуки, рече Љупчо Николовски, генерален секратар на СДСМ.

– Дозволете да го соопштам ставот на СДСМ околу одржувањето на државната матура.

СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година.

Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против коронавирусот.

Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.

На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.

Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции, рече Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК