22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата во Македонија?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА: На патниот правец Тетово – Попова Шапка e задолжително носење на зимска опрема за сите видови на возила.

УКИНАТА ЗАБРАНА: Во 10:45 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Снегот и вечерва прави проблеми: Важна информација за возачите

CENTAR MKD

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

CENTAR MKD

Информации за состојбата на патиштата – овие гранични премини се затворени

CENTAR MKD