Мицкоски ќе остане запаметен по неодговорно и недомаќинско водење на најголемата енергетска компанија во земјата, која во негово време купуваше најскапа струја, реагираат од СДСМ.
– Христијан Мицкоски, извршителот на Никола Груесвки ќе остане запаметен по неодговорно и недомаќинско работење за време додека ја водеше најголемата енергетска компанија во земјата.
Мицкоски ќе влезе во историјата како директор на АД ЕСМ, тогашен ЕЛЕМ, кој купил увозна струја по астрономско високи цени.
Во јануари 2017 година Мицкоски набавил 58.992 мегават часови електрична енергија од кои најниската цена е 52,85 евра, а највисоката фантастични 240 евра за мегават час.
Во периодот од 8 до 23 јануари како директор купил скапа увозна струја во вредност од 360 милиони денари или 5,6 милиони евра, средства кои немало да се потрошат доколку се работело како што треба.
Само Мицкоски може да одговори зошто во 2017 година дозволил да нема евтино домашно приоизводство на енергија и наместо тоа да купува скапа увозна струја, зошто купувал ден за ден што е модел за највисоки цени и зошто не набавил плански за подолг период со што би се постигнало намалување и упросечување на цената.
Ниските температури со кои денес се правда Христијан Мицкоски не се никакво оправдување, бидејќи ниски температури имало секогаш, а во битолскиот регион низ годините наназад редовно паѓале и до минус 25 и до минус 27.
Дали со неговото неодговорно работење Мицкоски свесно ја оневозможил компанијата да произведе сопствена енергија со што ја загрозил стабилноста на електро-енергетскиот систем во државата , за да може да се злоупотребуваат ресурсите на ЕЛЕМ за нечија лична корист.
На тоа прашање само Христијан Мицкоски може да одговори, но факт е дека раководството на ЕЛЕМ на чело со Мицковски ја внело компанијата во грејната сезона без доволно јаглен и со неремонтирани блокови.
Дали ова било планирано или не било планирано, одговор може да даде само Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.