24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев тврди дека Камчев ја финансира ВМРО ДПМНЕ, Мицковски негира

Зоран Заев тврди дека бизнисменот Орце Камчев дал 400 илјади евра за претседателските избори и дека сметката е затворена, а долгот Камчев им го простил.

-Господине Мицковски, Камчев ви ја финансира партијата, а тоа е незаконски – рече Заев.

На ова бурно реагираше Мицковски тврдејќи дека ревизијата не утврдила такво нешто и дека знаел дека ќе биде прозван за ова и извади од џеб записник за кој Заев рече дека тоа е партиски записник а не од државната ревизија и остана на ставот дека финансиер на ВМРО ДПМНЕ е најбогатиот бизнисмен во државата Орце Камчев познат и како оштетен во Рекет.