3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека лобирал Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ

Мицкоски во дебатата ги отфрли обвинувањата што му ги упати претседателот на СДСМ Заев дека опозициската партија лобира државата да не добие датум за преговори за членство.

– И Пленковиќ и Орбан и Јанша и сите останати премиери кои се дел од ЕПП лобираат и ќе продолжат да лобираат Македонија да добие датум затоа што граѓаните заслужуваат иако сме понижени, омаловажени, со урнато достоинство поради капитулантските политики на Заев барем малку нешто што ќе ја залечи раната која се уште стои. Се ќе сторам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ тоа да се случи час поскоро, и ќе зборам и со Јанша, Пленковиќ и Орбан, Курц со сите премиери кои се членки на ЕУ да се даде затоа што тој датум не е привилегија, ниту на Христијан, ниту на Зоран Заев, рече Мицкоски.

Заев во врска со датумот за преговори рече дека нема повторно да ги подигна очекувањата поради октомвриската одлука.

-Нема да дигам повторно очекувања заради тоа што изразив разочарување во октомвриската историска грешка, само ќе кажам дека ние направивме се и направивме и повеќе од тоа со законот за ЈО и со продолжување на реформите согласно нашите насоки кон ЕУ, тоа го потврдија сите, го поздравија дури и новиот закон за ЈО како аргумент повеќе, истакна лидерот на СДСМ.

Спонзорирано: