Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Денеска во 14.30 часот, две лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на инфективното одделение во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.

По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома.

Инаку станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Р Хрватска кои на 26 февруари влегле во РС Македонија на граничниот премин Табановце.

Министерството за здравство будно ја следи состјбата и продолжува редовно да ја информира јавноста.

Повеќе детали и резултати од тестирањето на утринскиот брифинг.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +