27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Интензивни врнежи снег на Попова Шапка, Маврово и во Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег.мВрнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Поради интензивни врнежи снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. ќе се одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување градежни работи на пат (гребење асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2019 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.