Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на локации од невремето. Ветерот, кој дуваше со 70 километри на час, го откорна покривот и на Средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3170215916536318

Булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда. Дрво падна и врз градинка во Чаир.

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3170005089890734/

По синоќешното невреме, екипите на Град Скопје до раните утински часови ги расчистуваа улиците.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3169991456558764

„Голема благодарност до службите на Градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат пречките од улиците на Скопје. Се гордеам со вас добри луѓе“, напиша градоначалникот Петре Шилегов на „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“

ДЕСК

Општина Карпош: Изгласан ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година

ДЕСК

Битола: Одбележан 21 мај – Светскиот ден на културната разновидност

ДЕСК