Како што објави Meteocentar, драматична промена на времето со силен ветер, дожд и снег ќе ја зафати Македонија во следните денови.
Силниот ветер кој вечерва го зафати Скопје однесе покрив од зграда на Партизанска, меѓу населбите Порта Влае и Карпош четири.
Во Кисела вода откорнато е дрво.
Денес ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, кои локално ќе бидат пообилни.
Утре и во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.