23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Во Македонија е регистриран првиот заразен коронавирус (видео)

Две недели болна македонка е првата личност која е позитивна на коронавирусот, предмалку соопшти Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се работи за жена родена 1970 година која била во Италија еден месец.

Македонката пред неколку дена пристигнала од Италија каде што била на одмор кај свои блиски повеќе од еден месец.

Заразената била болна во Италија и таму се лекувала, но не била тестирана од коронавирусот. Жената со комбе пристигнала во Македонија.

Во моментов се бараат сите лица кои биле во комбето за да бидат истестирани од коронавирусот.

Филипче соопшти дека најверојатно инкубацијата на болеста била завршена и дека немало опасност од проширување на вирусот кај останатите патници со оглед дека заразената била веќе две недели болна во Италија.

Филипче посочи дека нема место за паника. Ги повика фирмите каде што нивни вработени биле на некое од кризните подрачја да не ги примаат работниците на работа и да им порачаат да останат во своите домови 14 дена.

„Нема простор за паника, пацентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно за нејзината состојба, епидемиолошките анализи, прашањата коишто и беа упатени укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и во посета на свои роднини“, изјави вечерва Филипче на прес-конференција заедно со премиерот Оливер Спасовски и Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

.