Одговор на новинарско прашање на Хари Локвенец – реакција на прес-конференцијата на Антонио Милошовски
П: Како ја коментирате аудио снимката која Антонио Милошовски ја објави за вашиот лидер?
Ова е уште еден доказ дека на дневна основа ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство не можат да функционираат без лаги и конструкции
Претседателот Заев во објавените тонски снимки ја коментира одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство.
Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство.
Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство.
Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство – покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја динесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластено разговори се докази а после може да бидат само индиции и се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошевски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство.