14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Анкетите покажуваат дека на овие избори СДСМ е фаворит

Анкетите покажуваат дека на овие избори СДСМ е фаворит, дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу двата концепта. Политиките на СДСМ за интеграција, за стабилност преку членство во НАТО, за економски раст и за голема помош на сиромашните и ранливите се далеку повеќе поддржани од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е препознаена како нереформирана, под контрола на бегалецот од Будимпешта. Концептот на СДСМ кој е за одење напред кон сигурна иднина води пред оној на ВМРО-ДПМНЕ кој е за мрачното минато,рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-И тоа ќе се потврди на 12 април. На 12 април следуваат фер, слободни и демократски избори на кои СДСМ повторно ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани, ќе формира влада и стабилно ќе ја води земјата низ целосен 4-годишен мандат, рече лидерот на СДСМ.