Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:
СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!
11 години ДПМНЕ ги држеше платите на најниски стапки за да ги уценува граѓаните.
За 2.5 години СДСМ ја покачи минималната плата за 60%, а просечната за 4000 денари.
11 години ДПМНЕ се богатеше, градеше бели палати и се луксузираше со народни пари.
За 2.5 години СДСМ ја покачи социјалната помош за сиромашните за 300% и воведе целосна транспаретност во трошењето на државниот буџет.
11 години ДПМНЕ газеше врз човековите права и слободи и врз медиумите.
2.5 години живееме во целосна слобода и во крајно демократски општествен амбиент.
11 години ДПМНЕ работеше на затворање на земјата, изолација и кавги со соседите.
За 2.5 години со СДСМ Северна Македонија стана членка на НАТО и земја со исклучително високо почитување во регионот и меѓу западниот демократски свет.
11 години ДПМНЕ ги држеше граѓаните во манипулација со постојани меѓуетнички тензии.
За 2.5 години СДСМ целосно ги релаксираше меѓуетничките односи и овоможи амбиент каде различните можат да живеат заедно со меѓусебна почит.
СДСМ постојано се бори и носи подобро.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, исти ликови, стари политики.