Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Студ, дожд и снег цела недела низ Македонија – детална прогноза за времето

Во следните денови ќе биде суво со мала до умерена облачност.

Утре наутро ќе е доста студено, а потоа утринските малку ќе се покачат.

Ќе дува и повремено силен ветер најизразен во понеделник и среда. Од вечерта кон четврток од запад ќе започнат врнежи кои ќе се претежно од дожд, а на планините од снег.

Во четврток од изутрина особено во западните делови и на север врнежите од дожд понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег.

Прогноза за 24.02.2020
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 13°С до 21°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер.

Прогноза за 25.02.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието.

Прогноза за 26.02.2020
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК