14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„За две и пол години со СДСМ просечната плата повисока над 4.000 а минималната за 5.500, продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните“

-За две и пол години со СДСМ просечната плата повисока над 4.000 а минималната за 5.500, продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните, соопшти СДСМ.

„Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.

Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари.

Ова се бројки и факти што ги потврдуваат успешните економски полиитки на СДСМ реализирани за само 2.5 години.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари, а за седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата порасна за едвај 2.000 денари.

По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.

И по победата на 12 април продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.“ – се вели во соопштението.