27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Колемишевски од трибината „Агенда – Економија 20 – 24“: Зелената економија и поддршката на жените претприемачи е она кон кое треба како држава да се стремиме во иднина

Практиките за општествена одговорност треба да бидат што е можно повеќе промовирани во нашата држава и нашите бизнисмени треба да знаат дека преку такви практики го подобруваат имиџот на нивната компанија, стануваат препознатливи за потрошувачите и се зголемува нивната продуктивност. Затоа велиме дека тоа е концепт кој треба да се промовира и применува. -истакна Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за Економија на трибината

„Агенда – Економија 20 – 24“ во Скопје.

Еколошкиот, социјалниот и еколошкиот се трите столба на зелената економија кон која треба и ние како држава да се стремиме. -посочи Колемишевски.

Тој истакна дека светска практика е компаниите да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид, употребата на пластика односно поголема грижа за животната средина. Мошне е значајно да го запазиме еколошкиот момент. Со оглед на тоа дека кај нас е актуелно загадувањето и процесот на транзиција од претходниот на еколошкиот начин на работење, важно е да биде планирано без последици и по вработените и компанијата, но и по животната средина.

Тој посочи дека социјалниот столб е насочен кон однесувањето на компаниите .Односно дали таа компанија ќе ја загадува средината ќе има проблеми со општината или таа компанија ќе внимава на зачувување на средината но и ќе помага во градењето на поздрава животна средина на граѓаните.

Економскиот столб се однесува на доброто корпоративно управување и вклучување на сите за подигање на свеста на зелената економија,преку градење на општествена одговорност на целата заедница.

Она што е исто така значајно како мерки кои почнаа, но во идниот период уште позасилено ќе треба да ги вклучиме се долгорочни мерки и политики, економско јакнење и креирање на работни места.

Во таа насока е и поддршката и јакнењето на претприемничкиот дух на жените. Па така во акцискиот план и програмата 20-24 е имплементиран Закон за гаранциски фонд за поддршка на женското претприемништво во вредност од 5 милиони евра, а истовремено државата стои како гарант пред комерцијалните банки. -посочи Колемишевски.