19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ќе одржи седница во Штип

Како дел од агендата на редовната четврта седница на Владата на Северна Македонија што ќе се одржи во Штип, премиерот Спасовски и министрите во Владата ќе имаат серија активности што ќе се одржат во регионот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски како дел од неговите активности во пресрет на владината седница во 12:30 часот во Штип ќе изврши увид во работата на пречистителната станица Злетовица во населба Баби. После увидот се предвидени изјави за медиуми.

Во текот на денот и во рамките на овие теренски активности пред одржувањето на владината седница во Штип, заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ќе ја посетат Касарната „Јане Сандански“ во 13:30 часот, во Штип, во која се реализира обука под менторство на припадниците на вооружените сили на Обединетото Кралство.

Теничкиот премиер Оливер Спасовски во придружба на заменичката претседателка задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, на дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, и на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ќе ја посети текстилната компанија „Албатрос“ во Штип, каде што ќе оствари средба со менаџментот и вработените во фабриката во 14:00 часот. После средбата се предвидени изјави за медиуми. На оваа средба ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочваров и претставник на Организацијата на работодавачите, како и претставник на здружението „Гласен текстилец“.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+, парите од агенцијата во служба за задоволување на партиските потреби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата, преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти

ДЕСК

За подметнување пожари приведени досега 39 лица, зголемена ефикасноста за рано предупредување и лоцирање пожари

ДЕСК