-Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како Ваш градоначалник., рече Петре Шилегов попладнево на специјална прес конференција.
– Создадени се услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“ и именување на нов в.д. директор, а по седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад, порача Шилегов.