23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СКАНДАЛ: Вмровскиот заменик министер Цветан Трипуновски им влегол во институција и почнал да ги снима, а со тоа направил сериозно кршење на Законот за заштита на личните податоци

Видео именувано како “Вонредната посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово.”, беше објавено на фејсбук страницата на Заменик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Видеото немаше да биде скандалозно доколку тој без дозвола на вработените и граѓаните присутни во просториите на подрачната единица на МЗШВ не ги снимал нивните лица и истото го објавил на социјалните мрежи, што потоа го пренесоа и медиумите.

Со ова од еден од највисоките функционери во институцијата Министерство за земјоделие е прекршен Законот за заштита на личните податоци и нарушена е приватноста на вработените.

Видеото кое го го објави Цветан Трипуновски:

Дирекцијата за заштита на личните податоци: Неовластено снимање, па дури и мобинг

Инаку темата ја отвори националната телевизија ТВ21, од каде што воспоставија контакт со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Од таму за ТВ 21 велат, дека дополнителниот заменик министер Трипуновски можел да снима, доколку намерата му била да види дали се почитуваат работните оврски, но не смеел да ги покажува лицата на луѓето кои се вработени таму, а потоа видеото да го дитсрибуира до медиумите и на неговата фејсбук страница. Од таму велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и мобинг.

Инаку според законот доколку одредено правно лице има потреба од снимање на просториите, тоа може да го стори само со претходно известување до вработените.

Строго се казнува и неовластеното тонско снимање кое е најстрого забрането.