23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски со еден фејсбук статус ги “реши” ВМРО ДПМНЕ

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

#СДСМ за граѓаните ⤵️

🏥 Здравствените работници ги добија заслужените повисоки плати.

💶 Стечајните работници добија месечен надоместок до пензија.

📈 Пензионерите добија повисоки пензии.

💡 Младите за прв пат добија нов закон со кој добиваат институционална моќ преку младински совети.

🏭 Претприемачите добија неповратни грантови.

🍏 Земјоделците добија европска финансиска помош и исплата без партиски списоци.

🏦 Компаниите добија државна финансиска помош за модернизација, нова опрема и нови вработувања.

📖 Студентите добија субвенциониран оброк.

🏡 Децата без родители добија подадена рака и достоинствен дом.

🔋 Домаќинствата добија поевтина струја.

💵 Купувачите добија поврат на ДДВ.

🇲🇰 Армијата доби нова опрема и место во НАТО.

🧮 Просветителите добија повисоки плати.

🛣 Градовите и селата добија нови патишта, водоводи и канализации.

⌨ Новинарите добија слобода да истражуваат.

🌶 Производителите на земјоделски производи добија поврат на данок на доход.

💶 Старите лица со недоволен стаж добија социјална пензија.

🇲🇰 Државата доби позитивен имиџ на меѓународна сцена.

❗ За 2.5 години скоро сите општествени групи и слоеви беа опфатени со нови мерки, реформи, закони и проекти.

Направеното може да се спори, но не и да се одземе!