8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пиши-бриши патриотизам: Чулев го напиша името СЕВЕРНА, но по реакциите од јавноста го избриша

По министерката Мизрахи, денеска уште еден владин функционер од ВМРО-ДПМНЕ го употреби името СЕВЕРНА,пишува Граѓански збор.

Техничкиот министер во МВР, кадар на Мицкоски, Наќе Чулев денеска на фејсбук информирајки за неговата средба со амбасадорот на Италија го спомна името Република СЕВЕРНА Македонија, нешто на што додека не седнаа во фотељите, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски го одбегнуваа и беа против.

Но не помина многу време, откако јавноста почна да реагира и веднаш текстот во објавата беше сменет.

 

изворГраѓански збор

 

Можеби ќе ве интересира

Внимавајте на оваа измама од која настрадаа многу ПЕНЗИОНЕРИ: Жена остана без 20.000 евра, а добила телефонски повик со лоши вести за нејзината ќерка – откако ги дала парите, сфатила дека била измамена

ДЕСК

Скопската полиција на нозе: Се трага по две исчезнати деца кои имале 14 и 15 години

ДЕСК

Апсење на скопскиот аеродром

ДЕСК