Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПАДНА ПОЛИЦАЕЦ ЗА МИТО: БАРАЛ И ПРИМИЛ ПАРИ ЗА ВЛЕЗ НА ДВАЈЦА ТУРЦИ – Пријавен и втор службеник, следуваат суспензии

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, на работно место како полициски службеник на ГП Долно Блаце при РЦ за ГР Север, на 22.11.2026, при вршење гранични проверки за влез во државата, од лице кое ја преминувало државната граница со патничко моторно возило, во кое како сопатници биле и двајца турски државјани, побарал и примил парични средства за да овозможи влез во државата на двајцата турски државјани, лажно прикажувајќи му дека постои проблем во врска со нивниот престој.

Првопријавениот дел од примените парични средства ги дал на второпријавениот.

Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

Можеби ќе ве интересира

СТОТИЦИ РИБИ И 900 МЕТРИ МРЕЖИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО – Полицијата со голема акција кај Пештани

ДЕСК

ФИКТИВНИ БАРАЊА И ДОЗВОЛИ ЗА СЕЧА НА ДРВА – Кривични пријави против директор и уште пет лица

ДЕСК

ЛЕКАР И МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НАПАДНАТИ ПРЕД ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – Приведен 41-годишник во Скопје

ДЕСК