Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – УХМР предупредува на обилни дождови во текот на ноќта

Под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 l/m2.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.

Прогноза за 21.11.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Во текот на ноќта и претпладнето во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а во источните делови ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 22.11.2026
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Претпладне претежно сончево, а потоа променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.11.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува засилен, а наместа повремено силен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

ТЕПАЧКА МЕЃУ ЧЕТВОРИЦА ВО КРУШЕВСКО СЕЛО – Нарушен јавниот ред и мир, следуваат поднесоци

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ПРИЈАВА ВО БИТОЛА – Татко пријавил дека повозрасно лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка

ДЕСК

Битиќи: Владата манипулира, реалноста за буџетот е една милијарда доспеани долгови, две милијарди ново задолжување

ДЕСК