Centar.mk
Граѓански обврзници со годишна камата од 4,6 проценти и минимален влог од 10.000 денари
БИЗНИС

НОВА МОЖНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА ЗАРАБОТАТ ОД СВОИТЕ ЗАШТЕДИ – Државата нуди обврзници со камата од 4,6 отсто годишно, минималниот влог е 10.000 денари

Министерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.

Граѓаските обврзници  може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за  3 декември 2026 година.

Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.

Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на  11 декември 2028 и за втората година на 11  декември 2029 година.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Линк до објавениот Проспект:

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdf

Можеби ќе ве интересира

ЕФЦ со нови старт-пакети за компаниите: „Не плаќајте магацин под кирија – ние ви нудиме целосна логистика, дигитализација и достава до следниот ден“

ДЕСК

Анализа: Владините мерки носат резултати: Повеќе туристи, повеќе летови и нови дестинации

ДЕСК

Партнерот на Рејтинг, Latenta, освои престижна меѓународна награда за истражување на пазарот

ДЕСК