На 18.11.2026 во 01:30 часот на патот Градско–Прилеп, кај с. Ореовец, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 40-годишен жител на Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал 40-годишникот, и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


