Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ СЕ ПОВТОРАТ – Гаши најави нова седница по политичките несогласувања

Собраниските координатори постигнале договор опозициските пратенички прашања повторно да бидат поставени во рамките на 130. пленарна седница. Информацијата попладнево ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Одлуката следува по несогласувањата околу одржувањето на седницата за пратенички прашања, кои претходно предизвикаа остри реакции меѓу власта и опозицијата. Седниците за пратенички прашања се важен механизам преку кој пратениците бараат одговори од членовите на Владата за нивната работа и одлуките на институциите.

Гаши не прецизирал кога ќе се одржи повторената седница. По постигнатиот договор, пратениците ја продолжиле работата по другите точки од собранискиот дневен ред.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИЈА ЗА КОЈА СЕ РАСПРАШУВААТ МНОГУМИНА, НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧУВА КОИ ВЕСТИ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ – Но кој одлучува што ќе остане скриено од вашите очи?

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Мицкоски со ново појаснување за практичниот дел

ДЕСК

УХМР СО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силен ветер и значително повисоки температури!

ДЕСК