Centar.mk
СВЕТ

ЕКСПЛОЗИЈА НА АВТОМОБИЛ ВО МОСКВА – Тешко повреден поранешен соработник на украински премиер

Во јужниот дел на Москва експлодирал автомобил во кој се наоѓал Сергеј Заворотни, поранешен портпарол и соработник на некогашниот украински премиер Микола Азаров. Според локалните известувања, Заворотни се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница.

Експлозијата се случила во населбата Чертаново, на улицата „Кировоградскаја“. Руските истражни органи потврдија дека е отворена истрага за случајот, додека медиумите објавија дека можно е во автомобилот да била поставена експлозивна направа.

Инцидентот се случува еден ден по друга експлозија на автомобил во Санкт Петербург, во која загинал припадник на руската армија. Засега не е утврдена поврзаност меѓу двата случаја, ниту е официјално утврдено кој стои зад нападот во Москва.

Можеби ќе ве интересира

ТУРЦИЈА БАРА ПОСИЛНА ГЛОБАЛНА КЛИМАТСКА АКЦИЈА – Ердоган испрати порака од самитот COP31

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА МЕСТО НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА – Европа не сака договор за Украина без нејзино учество

ДЕСК

ТРАМП НЕ ИСКЛУЧУВА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН – Вашингтон испраќа ново предупредување

ДЕСК